Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се повреди пред почетокот на НБА плеј-офот.

Во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната главната ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ заработи повреда на листот и го чека пауза.

Проблемот за Далас е што почнува плеј-офот, а Дончиќ нема да игра на првиот натпревар против Јута Џез, а постои шанса да го пропушти и натпреварот број два.

Според ESPN, повредата на Дончиќ на левата нога не е од посериозна природа, но сепак бара одредена грижа и одмор. На фотографијата можете да го видите Дончиќ пред клиника во Далас, каде јасно се гледа што е проблемот и дека добил „чизма“.

Тој јавно не зборуваше за својата повреда, но соиграчите се оптимисти дека Лука наскоро ќе се врати на паркетот, со оглед  дека е голем борец и натпреварувач .

https://twitter.com/casualtakeking/status/1513649418255278082?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1513649418255278082%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fnba%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D04dd%3D12nav_id%3D2138336