По два порази Партизан повторно се врати на победите. Во игра на слаб интензитет, но и крајно скратени ротации, црно-белите без поголеми проблеми успеаја да стигнат до триумфот против Литванскиот Леткиабелис со 84:77.
Партизан многу осцилираше во скратената ротација, но имаше предност во текот на целиот натпревар.
Во текот на мечот во неколку наврати видовме како Литванците успеваат да дојдат до едноцифрена разлика, но Партизан секогаш имаше подготвен одговор. Пред се преку Грегор Глас. Младиот Словенец покажа дека може да се смета на него, особено кога е во прашање шутот од далечина.
Одлично ја искористи минутажата и Балша Копривица, кој повторно имаше одлични блокади, но и забивања.
Ален Смаилагиќ беше стандарден, секогаш агресивен на скокот, а пофалби заслужува и Алекса Аврамовиќ.
Партизан имаше дури шест двоцифрени кошаркари. Зек Ледеј беше најдобар со 19 поени, Глас и Смаилагиќ по 13 поени, Аврамовиќ и Копривица по 12 поени, а Кевин Пантер постигна по 11 поени.