Најдобриот кошаркар на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ, даде неочекувана изјава по поразот од Литванија и ги навреди Србите.
Со последниот пораз Нуркиќ и соиграчите забележаа елиминација од ЕП, а НБА ѕвездата покрај судењето ја критикуваше и ситуацијата во неговата земја и директно ги навреди сите Срби кои живеат во Босна и Херцеговина.
„Знаете како функционираат работите кај нас. Имаме тројца Босанци, имаме тројца Херцеговци и тројца не знам како да ги наречам“, рече Нуркиќ.
Кошаркарите на БиХ не успеаја да се пласираат во осминафиналето во конкуренција на Унгарија, Словенија, Франција, Германија и Литванија, иако го надиграа европскиот шампион.
„Кај нас секогаш е добро или лошо, нема измеѓу. Горд сум на момците, тренерите, стручниот штаб. Какви турбуленции, ова е импресивно, јас сум горд на нив. Им честитам на сите што учествуваа, дадовме сè од себе и Босна и Херцеговина може да се гордее“, рече Нуркиќ.
Од групата Б, пласман меѓу најдобрите шеснаесет изборија Словенија, Германија, Литванија и Франција.