Кошаркарите на Денвер Нагетс со убедлив пораз ја почнаа новата сезона во НБА лигата, демонстрирајќи низа слабости во својата игра.

НБА првакот од 2023 година беше совладан од Оклахома Тандерс на домашен терен со 87-102 и покрај трипл дабл ефектот на Никола Јокиќ. Денвер на овој меч се истакна само на почетокот бидејќи на средина од првиот квартал водеше со 19-10. Се останато помина во знакот на Оклахома која до половината на третата четвртина имаше солидно водство, а потоа направи серија од 10-0 и отиде на 85-66 што се покажа недостижно за Денвер.

 

Александер Гилџес Александер и Чет Холмгрен доминираа на теренот, Канаѓанецот постигна 28 поени, 8 асистенции и 7 скока, а центарот на Оклахома оствари дабл дабл со 25 поени и 14 скока. Никола Јокиќ ја почна сезоната со трипл дабл од 16 поени, 13 асистенции и 12 скока, но тоа може да послужи само за неговата статистика бидејќи тоа не беше доволно за триумф на Денвер.

Од останатите натпревари, шампионот Бостон го одигра вториот натпревар во новата сезона и веќе дојде до втората победа бидејќи го совлада Вашингтон како гостин со 122-102.