Најтрофејниот македонски тим Работнички ја прекина серијата од седум порази и го шокираше лидерот Пелистер со 95-89, па така остана во игра за пласман во следната фаза од натпреварувањето.
Работнички го имаше водството од самиот почеток на мечот и водеше цели шест минути во првата четвртина, додека до првата предност стигнаа гостите преку Малешевиќ (13-12), но набрзо домаќинот се врати во игра и до полувреме израмни на 19-19.
Расположениот Марковски и останатите од тимот на Работнички не му дозволуваа на гостинот од Битола да се приближи ниту по третата четвртина (66-57), а на шест минути пред крајот Работнички имаше водство од девет поени (75-66).
Во одличен ритам влезе Кесар, кој заедно со Малешевиќ и Николиќ ја растурија одбраната на Работнички и го донесоа гостинот до 82-81, но сепак Едвин со тројка направи нов пресврт (84-82). Големата битка продолжи во последните секунди од последниот период, а најтрофејниот тим успеа да слави со 95-89.
Најефикасен кај Работнички беше Едвин со 31 поен, 10 асистенции и седум скокови, по што следеше Балзамовиќ со 24 поени. Кај гостите најефикасен беше Кесар со 25, а Малешевиќ и Николиќ постигнаа по 17.