НБА ѕвездата Џејмс Харден (32) би можел повторно да биде дел од голема размена.
Според американските медиуми, Харден би можел да стане нов член на Филаделфија 76ерс до 10 февруари, односно до крајниот рок за размена на играчи.
Нетс изразија подготвеност да ја заменат 32-годишната ѕвезда, а 76-ките се подготвени да им понудат пакет кој ја вклучува неактивната ѕвезда Бен Симонс.
Заедно со Симонс , Филаделфија е подготвена да понуди уште неколку кошаркари. Тоа се Сет Кари, Тајрис Макси и Матис Тибул.
Преговорите меѓу двете страни ќе се интензивираат во наредните денови и нема да биде изненадување доколку Харден ги напушти Нетс.
Џејмс Харден стана член на Нетс во јануари минатата година. Тој пристигна од Хјустон Рокетс, но со Бруклин и „дрим-тимот“ не успеа да ја освои титулата.
Оваа сезона има просек од 22,5 поени, 10,2 асистенции и осум скока по натпревар.