Кошаркарите на Партизан поведоа со 1-0 во полуфинналето на плејофот во јадранската АБА лига, откако вечерва во Белград го надиграа и убедливо го совладаа Будуќност со 82-66.
Вториот меч се игра в недела (15 мај) во „Морача“ во Подгорица, а ако има потреба од мајсторка, во третиот клучен дуел домаќин повторно би бил Партизан.
Американците Лидеј со 19 и Пантер со 13 поени, беа најефикасни кај Црно-белите, додека нивниот сонародник и соиграч, Лесорт, имаше 11 поени, 9 скока и 6 асистенции. И кај Будуќност најдобри беа Американците: Сили и Кобс заедно уфрлија 30 поени, што е речиси половина од поените на црногорскиот тим.
На трибините беше и српската НБА ѕвезда Богдан Богдановиќ, кој е поранешен член на Партизан и секако беше задоволен од исходот.