Кошаркарите на Мајами Хит и Феникс Санс, се на чекор од финалето на НБА-конференцијата, откако беа убедливи против Филаделфија 76ерс и Далас Маверикс во вечерашните натпревари. Двете екипи водат со 3:2 во серијата, а првата шанса за финалето ќе ја имаат на гостински терен од четврток навечер до петок.

Мајами победи со високи 120:85. Првото име на натпреварот беше Џими Батлер со 29 поени, девет скока и шест асистенции, а му асистираше Макс Струс со 19 поени и 10 скока. Кај Филаделфија Ембиид упати само 12 шута од игра, но со 17 поени го заврши мечот како најдобар стрелец на својот тим.

Речиси исто толку ефикасен беше и Феникс против Маверикс кои ги испратија дома со 30 поени негатива(110:80). Девин Букер имаше 28 поени и седум скока, што беше нешто послаб учинок од Лука Дончиќ на другата страна од теренот (28 поени, 11 скока). Дончиќ уште еднаш имаше добра помош од Брунсон (21 поен, 7 скокови), но овојпат тоа не беше доволно.

Клучната предност Санс ја направија во третата четвртина кога имаа серија од 17:0, а конечната статистика открива дека шутирале дури 16% подобро од игра. Крис Пол даде само седум поени, но имаше десет асистенции.