Голманот на Турција, Мерт Ѓунок, изведе неверојатна интервенција во самиот финиш на натпреварот со Австрија и спречи да има продолженија.
По една нафрлена топка, голманот на мрежата на Турција ја извади топка од самата гол-линија во 95. минута и стекна статус на национален херој во земјата која живее за фудбалот.
Турција за првпат по 16 години ќе игра четвртфинале на ЕП, последен пат во 2008 година.