Во 92. минута Месијас ја затресе мрежата на Специја за водство на Милан од 2:1, но голот беше поништен откако судијата Марко Сера досуди прекршок над Анте Ребиќ кој претходеше на голот.
Тоа беше само почеток на хоророт што го доживеаја фудбалерите на Милан на натпреварот од 22. коло во Серија А против слабата Специја на нивниот Сан Сиро на 17 јануари.
Тој погрешно досуден прекршок врз нашиот Анте Ребиќ и поништениот гол на Месијас скапо ги чинеше „росонерите“, а воедно го одбележа и судијата на мечот Марко Сера. Имено, Гјаси во 96. минута погоди за шокантна победа на Специја од 2:1, со која Милан практично испадна од трката за титулата шампион .
И се тоа се случи по погрешно досудениот прекршок. Во тој момент на Анте Ребиќ целосно му се помрачи пред очи. Со соиграчите веднаш го опколи збунетиот судија Сера, му влезе во лицето, го фати за раменици и врат и на крајот го фати за глава и добро го ’затресе’!
Ситуацијата беше многу напната, а спортскиот дневен весник La Gazzette dello Sport ја коментираше конфронтацијата на Ребиќ со судијата -“ Лутината на лицето на Анте Ребиќ кажува се за тоа како се чувствуваа „росонерите“ по огромната грешка на Марко Сера,која ги чинеше три бода и прво место.
Сега, две недели по немилиот настан, во италијанските медиуми конечно се појави главниот виновник, судијата Марко Сера.
Тој призна дека плачел во соблекувалната по натпреварот поради таа погрешна одлука, но и дека играчите на Милан го тешеле.
„Флоренци влезе во соблекувалната и ме прегрна, потоа Калабрија, Тео Ернандез и Брахим Дијаз. Сите му велеа дека таква грешка се случува“, изјави Сера и додаде:
„Дојде и Златан Ибрахимовиќ, ми рече да бидам силен, да издржам… Искрено, мило ми е што така реагираа, но бев под толку голем стрес што дури еден ден подоцна сфатив што направија за мене.
А потоа несреќниот судија се присети на блиската средба со бесниот Анте Ребиќ. Тешко е да се заборават ваквите моменти
„Искрено, мислев дека Ребиќ ќе ме задави “, откри Сера и додаде:
За среќа брзо се олади, можеби како човек на теренот сфатил дека промашил и празен гол во кариерата и дека сега ми се случи таква грешка“.
Несреќниот Сера открил и дека таа ноќ спиел само еден час. Го прогонуваше таа погрешна одлука со која го уништи Милан. Покрај тоа, оттогаш не судел ниту еден натпревар, но неговиот план е што поскоро да се врати на фудбалските терени. Тој наводно има поддршка од главниот делегат на судиската организација во Италија Џанлука Роки, но засега нема да ја дели правдата во Серија А.