Столе Димитриевски ја сочува својата мрежа празна на четвртфиналниот меч со Мајорка во Копа дел Реј и ја однесе екипата на Рајо Ваљекано во полуфиналето. Пред своите навивачи, Рајо славеше минимално со 1:0 со голот од пенал кој го постигна Трехо во 44. минута.
Димитриевски, конечно, застана меѓу стативите, поз авршувањето на зимската сага околу неговото наводно заминување од клубот. Последен пат тој бранеше за Рајо на 18 декември минатата година.