Екипата на РБ Лајпциг со 2-1 дојде до победа на гостувањето кај Хајденхајм и освои три големи бода во битката за четвртото место кое води во ЛШ.
Нашиот Елиф Елмас во игра влезе во 79. минута при резултат 1-1, одигра околу 20 минути со оглед на долгото судиско продолжение на мечот.
Малку фалеше Елмас да запише асистенција, но погодокот кој го даде Лајпциг за 3-1 беше поништен поради офсајд.
Шешко во првото полувреме и Опенда пред крајот на дуелот беа стрелци за Лајпциг на натпреварот.
Никола Доведан беше стрелец на почесниот погодок за домаќините.
Лајпциг води мртва трка со Борусија Дортмунд за четвртата позиција на табелата.
Денеска се одиграа уште три меча: Келн – Дармштад 0-2, Хофенхајм – Менхенгладбах 4-3, Волфсбург – Бохум 1-0.