Бојан Миовски со Абердин не успеа да го совлада големиот Селтик и да се пласира во финалето од шкотскиот куп, црвените го загубија мечот на пенали.

Миовски имаше фантастичен старт на дуелот, уште во втората минута погоди за водство на Абердин од 1-0.

 

Селтик изедначи на 1-1 со голот на Кун во 21. минута. Во 63. минута Селтик преку Форест направи пресврт и поведе со 2-1, но Соклер во 90. минута даде гол со глава за 2-2. Мечот отиде во продолженија.

Миовски беше повлечен од игра во 100. минута откако се пожали на повреда.

Во 105. минута Орајли го врати водството на Селтик, но во 119. минуута Мекдоналд погоди за 3-3, па пеналите го решаваа победникот.

Во пенал серијата екипата на Абердин промаши двапати, Селтик еднаш и се пласира во големото финале.