Напаѓачот на Кристал Палас, Вилфрид Заха (28) од Брегот на Слоновата Коска побарал да не биде повикан во репрезентацијата на следните два квалификациски натпревари за СП 2022 година во средината на ноември, изјави селекторот на „слоновите“ Патрис Бомел.
Пред неколку дена Заха ми испрати порака дека секогаш кога доаѓа во репрезентацијата се враќа болен. Ме замоли да не му се јавувам, изјави тренерот на Брегот на Слоновата Коска, Бомел
Брегот на Слоновата Коска е прв во групата Д со десет бода, само еден бод повеќе од Камерун, па пресметката во Дуала , Камерун ќе биде решавачка за преминот во последната фаза од квалификациите.
– Сакам војници, воини кои за селекцијата ќе дојдат со една нога. Тоа е порака која јасно и гласно ја испраќам до секој играч – изјави тренерот.
Заха, кој следната недела ќе наполни 29 години, веќе неколку пати ја одби репрезентацијата, секој пат од лични причини.
Брегот на Слоновата Коска не се пласира на последното СП.