На бразилскиот напаѓач Нејмар можеби не му оди најдобро во кариерата, но приватно е многу среќен.
Ѕвездата на ПСЖ го помина зимскиот распуст со својата нова девојка Бруно Бјанкарди (27), која беше снимена на натпревар на ПСЖ пред две недели, каде очигледно го гледаше своето момче како игра.
Нејмар објави фотографија од својата вила за Божиќ, на која се гледа Бруно со семејството и најблиските пријатели на Бразилецот.
Убавата Бразилка која живее во Париз има речиси 400.000 следбеници на Инстаграм и се занимава со манекенство.
Сега може само да се надева дека таа, како и многу други девојки, нема да биде само попатна станица за Нејмар.