Хрватските ракометари Домагој Дувњак и Лука Циндриќ сеуште се позитивни на коронавирус.
Двајцата нема да патуваат со тимот во Сегед каде ги очекуваат натпреварите со Франција, Србија и Украина.
Тие ќе останат во Осиек до дополнително известување и ќе чекаат негативен тест за Ковид 19.
„Дувњак и Циндриќ сеуште се позитивни, што значи дека мора да останат во Осиек“, изјави доктор Томислав Кукин, лекар од хрватската репрезентација.
Тренерот Хрвоје Хорват утре ќе го објави конечниот список на патници, а добрата вест за Каубоите е што никој освен споменатите двајца не добил позитивен резултат на корона вирусот.
„Ќе ги тестираме од ден на ден и кога ќе бидат негативни ќе можат да се приклучат на тимот. Клинички се многу добри, а исто така добра вест е што остатокот од тимот и целиот стручен штаб се негативни. Така што ситуацијата е стабилна“, заклучи тој.Д-р Кукин.
Првиот натпревар Хрватска го игра против Франција во четврток од 20:30 часот.