Пролет славеше на гостувањето кај Струга со 24-21 во рамки на шестото коло во ракометната Суперлига на Македонија.
Скопјани до својата петта сезонска победа дојдоа со сигурна игра и покрај притисокот на домаќинот во второто полувреме. На полувремето момците на тренерот Андон Бошковски имаа водство од 11-14. Во второто полувреме Струга дојде и до негатива од само еден гол (21-22), но Пролет не дозволи пресврт и се избори за триумф од 21-24.
Дејан Пецаковски со шест и Михаил Аларов со пет гола беа најефикасни во победничкиот тим, додека кај Струга најдобар беше Жарко Бајрактаровиќ со пет погодоци.