Светскиот шампион Данска ја продолжи низата победи на Европското првенство (ЕП), откако вечерва во Хамбург го совлада актуелниот европски првак Шведска (28-27) во меч со драматична завршница во кој за малку важна улога ќе имаше и ВАР технологијата.
Скоро две третини од првото полувреме се играше гол за гол, по што следеше серија од четири голови на Данците (16-12) со која ја остави Шведска седум минути без даден гол. Данска умешно ја одржуваше предноста од два гола и во последните десет минути од мечот поведе и со 28-24. Швеѓаните не се предадоа, три гола по ред и намалија на само минус еден. Данците во последната минута постигнаа гол преку Ландин Јакобсен, но судиите го поништија по проверка од ВАР технологијата, со што Шведска доби шанса во последните 17 секунди да дојде до реми. Бергендал иако постигна гол, но судиите го поништија бидејќи пикерот газел на линијата.
Матијас Гидсел со 10 гола беше најдобар кај Данска, додека кај Шведска најпрецизен беше Хампус Ване со девет постигнати голови. Данците остануваат први со шест бодови, додека Шведска и Португалија имаат по четири бодови, по што следуваат Норвешка и Словенија со по два бода и Холандија без бодови.