Ракометарите на Алкалоид со 42-31 го победи Драгунас Клаипеда во првиот дуел од второто коло во ЕХФ Европскиот куп. Избраниците на Кире Лазаров имаат голема предност за мирен реванш во Литванија.

Алкалоид беше голем фаворит во пресметката со Драгунас, а скопскиот тим таквиот статус го оправда на мечот во Автокоманда каде го победи литванскиот противник со 11 разлика.

Натпреварот почна изедначено, двете екипи се менуваа во водство, на полувремето нашиот тим замина со предност од 18-12.

Во вториот дел Литванците се обидуваа да се носат со Алкалоид, но квалитетот беше на страната на тимот на Лазаров, па постојано се зголемуваше предноста за на крајот да слави со 42-31.

Најефикасен во составот на Металург беше Никола Костески со десет голови, Бинго постигна девет, Серафимов шест, Галевски мечот го заврши со девет одбрани, постигна и еден гол. Во составот на Драгунас најдобар беше Буткус со шест голови.

Реваншот во Литванија е за седум дена, претходно Алкалоид го чека големо дерби во македонската лига против Пелистер во Автокоманда, тој меч се игра во вторник.