Проблемите за Арсенал започнаа по половина час игра кога Салиба заработи директен црвен картон.
Во првиот дел немаше голови, а домаќините триумфот го обезбедија со два гола во десет минути во второто полувреме.
Прво Кристи на асистенција на Клајверт го отвори резултатот во 70. минута, додека во 79. минута Клајверт и самиот се запиша во листата на стрелци од пенал.
Арсенал и покрај поразот по ова 8. коло ќе остане на третата позиција со 17 бода, но сега Манчестер Сити и Ливерпул имаат прилика со евентуални победи да се „одлепат“ на три, односно четири бода.
. Тоа е прв пораз за „топчиите“ во Премиер – лигата оваа сезона и чекор назад во трката за врвот со Ливерпул и со Манчестер Сити.