Ѓоковиќ беше подобар противник од почеток до крајот на мечот и на крајот заслужено славеше победа. Во првиот сет Надал освои само два гема и немаше никакви шанси (6:2).
Вториот сет донесе израмнета игра, Ѓоковиќ првата меч топка ја имаше при 5:4 на сервис на Надал, но не ја искористи.
На крајот сетот се решаваше во тај-брејк каде што Новак беше подобар.
Вечерва се игра и финалето на турнирот кое е борба за шест милиони долари, а во него ќе се соочат Јаник Синер и Карлос Алкараз.