Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжи со одличните настапии, денес триумфира против Ендрју Роџерс со 6-3 и 6-3 за осминафинале на турнирот во Монастир, Тунис.
Ивановски ја оправда улогата на прв носител на турнирот во првиот натпревар против Роџерс, откако ги доби двата со идентичен резултат и се избори за дуел против Олаф Печковски од Полска.
Нашиот тенисер играше одличен тенис и на претходниот турнир во Тунис, меѓутоа загуби во финалето со 1-2 од Моез Ечаргуи.
Ивановски во моментов се наоѓа на 534. место на АТП-листата и го чека нов напредок ако продолжи со одличните резултати.