И двајцата поминаа по три сега на теренот додека се изборат за финален статус, за Карењо-Буста прв во мастерс серијата, за Хуркач втор, откако пролетва го освои Мајами.
На Шпанецот му беше потешко, бидејќи играше точно три часа против Британецот Даниел Еванс (39), пред да слави со 7-5, 6-7(9-7), 6-2. Работите можеа да бидат и поинакви, со оглед на тоа дека Карењо-Буста имаше меч-топка во тајбрејкот од вториот сет, при резултат 6-5, но не ја искористи.
Претходно, Хуркач мина нешто повеќе од два часа против седморангираниот на светот, Каспер Руд од Норвешка. Имаше проблеми во првиот сет, кој го загуби со 7-5, а потоа го поправи сервисот и направи пресврт со 6-3, 6-2.
Ова ќе биде шесто финале во АТП-турнеата за Хуркач и обид за шестата титула, тој никогаш досега не загубил во меч за пехар.