Чави всушност е еден од најслабите тренери на Каталонците во последните 20 години. Според процентот на успешност тој е подобар само од Радомир Антиќ. Србинот имаше 50 отсто успешност на клупата на „Камп Ноу“, односно 12 победи на 24 натпревари.
Чави има ефект од 20 победи на 37 натпревари или 54,05 отсто. Тој е дури и зад Роналд Куман, кој имаше 58,2 отсто успешност, а Франк Рајкард имаше 58,61 отсто успешност.
Убедливо најдобар ефект има Луис Енрике со 138 победи на 181 натпревар или 76,24 отсто. Потоа следуваат Пеп Гвардиола со 72,47 отсто, Тито Виланова (71,67 %), Херардо Тата Мартино (67,8 %), Ернесто Валверде (66,9 %) и Кике Сетијен (64 %).