Најголемата предност ја имавме на стартот на вториот дел со голот за 14:10, но потоа следеше црна дупка и пад во играта, која направи контролата да ја преземат Швајцарците. Противниците израмнија на 14:14 и потоа во последните 10 минути влегоа со предност, па дури и водеа со 20:22.
На крајот пресуди завршната серија на Македонија и одличната игра во одбрана, а клучни беа и двата гола на Димковски за 22:22 и 23:22. На крајот, победивме со 24:22 и Димковски го заврши натпреварот со седум голови, но сепак за најдобар играч на мечот беше избран голманот Брестовац. Од останатите македонски репрезентативци се истакнаа уште Петковски со шест и Калајџиески со четири погодоци.