Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа напредок од 11 места на најновата ВТА ранг листа.
Со добрите настапи за турнирот во Ираклион во Грција, Ѓорческа дојде до поени со кои направи скок во поединечна конкуренција сега со 421 бод е на 178 место или само осум позиции послабо од нејзиниот најдобар ранкинг во кариерата.
Магдалена Стоилковска пак е 1223 на светот (скок од осум места), а во конкуренција во двојки, Лина и Магдалена одат назад (едно место) и сега се 327, односно 1472.
Самиот врв е резервиран за Швјонтек од Полска пред Сабаленка и Гоф.