На тежок терен за игра, домашниот тим ги освои трите бода и им направи голем проблем на Израелците на патот кон континенталниот собир, а воедно се задржа себеси во игра за Европското првенство во 2024 година. Секако, патот до таму ќе биде тежок за Косово, но сепак има шанси. Ќе биде интересно до крајот во оваа група каде прва е Романија, па следат Швајцарија, Израел и Косово.
Пред стартот на натпреварот, Израелците добија свирежи од публиката за време на националната химна поради конфликтот со Палестина кој се вжешти во изминатиот период. Единствениот гол го постигна Милош Рашица во 41. минута по асистенција на Ведат Муричи. Токму асистентот Муричи принудно го напушти теренот во 66. минута поради повреда, ама Косово ја сочува победата.
Израел го заврши натпреварот со играч помалку, поради црвен картон на Ревиво во 94. минута. За Косовците ова беше втора победа, тимот има 10 бода и е четврти, додека Израел со десет бода се наоѓа на третото место.
Следниот натпревар Косово го игра на 18 ноември против Швајцарија, додека три дена претходно, на 15 ноември, се среќаваат Израел и Швајцарија.