Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон со победата од 3-1 во сетови против Ник Киргиос, по што го совладаа емоциите.
Ѓоковиќ се закити со седмиот пехар на третиот гренслем-турнир во сезоната, па така стигна до бројката од 21 титула на големите турнири и му се приближи на Рафаел Надал, кој има еден трофеј повеќе.