Лос Анџелес Лејкерс се соочува со сериозни проблеми пред почетокот на новата сезона во НБА-лигата бидејќи најголемата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс се скарал со неговиот колега Расел Вестбрук.
„Спорт Илустрејтед“ пишува дека раководството на Лејкерс треба да реши нови проблеми, откако поранешниот шампион минатата сезона не се пласираше ниту во плејофот.
Џејмс не сакаше да ја коментира новата ситуација во клубот, но на последниот меч на тимот немал никаква соработка со Вестбрук.
Американските медиуми пишуваат дека ова можеби ќе ја натера управата да го испрати Вестбрук во Бруклин во замена за Кајри Ирвинг.