Олстар-викендот во НБА заврши, а првите дуели веднаш донесоа историско остварување и тоа од српскиот горостас, Никола Јокиќ.
Јокиќ во триумфот на Денвер нагетс против Вашингтон визардс (130-110) со 21 поен, 19 скока и 15 асистенции дојде до својот 121. трипл-дабл во кариерата и тоа против тимот кој единствен досега му „одолеваше“. Србинот сега има двоен ефект во три статистички категории против буквално сите екипи во најсилната лига на светот, со што им се приклучи на Леброн Џејмс и на Расел Вестбрук, кои единствени пред него го сторија тоа.
Магионичарот Јокиќ да биде, синоќешниот трипл-дабл го оствари со шут 10/10 од поле, со што стана прв во историјата со учинок од најмалку 20 поени и по 15 скока и асистенции без воопшто да промаши. Неговиот единствен „кикс“ во пресметката со Вашингтон беше едното промашено слободно фрлање. Веднаш зад него во тимот на Денвер беше Мајкл Портер со 22 поени и 11 скока, додека Кајл Кузма со 31 поен и 12 скока беше најдобар кај „волшебниците“.
РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Орландо 109-116, Индијана – Детроит 129-115, Филаделфија – Њујорк 96-110, Торонто – Бруклин 121-93, Далас – Феникс 123-113, Чикаго – Бостон 112-129, Њу Орлеанс – Хјустон 127-105, Оклахома – ЛА Клиперс 129-107, Денвер – Вашингтон 130-110, Јута – Шарлот 107-115, Голден Стејт – ЛА Лејкерс 128-110, Сакраменто – Сан Антонио 127-122.