Тој неделава беше на детални лекарски прегледи, каде се утврди истегнување на задната ложа, што е болна повреда која вообичаено се „лекува“ со најмалку десетдневно одмарање. Но, ветеранот нема да дозволи ниту ваквата повреда да го спречи да ѝ помогне на репрезентацијата на можеби најважниот меч на патот кон враќање на европска сцена.
Стојановски стисна заби, ги одработе последните неколку тренинга и ќе му биде на располагање на селекторот Александар Јончевски на вечерашната пресметка во СРЦ „Кале“.Сите останати се здрави, а во тимот по подолго време ќе биде и Дамјан Стојановски, кој вечерва ќе добие посебно признание како благодарност за се што сторил изминативе две децении за Македонија.