Фудбалерите на римски Лацио го совладаа на гости Торино со 2-0 во 25. коло од италијанската Серија А.
Торино беше подобар противник на теренот, меѓутоа не ги искористи своите шанси, па казната стигна во второто полувреме.
Гендузи донесе водство за Лацио во 51. минута, а набрзо Каталди погоди за триумф од 2-0 на „небесно-сините“.
Лацио остана и со играч помалку откако беше исклучен Шпанецот Гила, кој доби втор жолт картон во 79. минута од натпреварот. Торино сепак не успеа да постигне ниту почесен погодок.
Лацио има 40 бодови на седмата позиција во Серија А, додека Торино остана на 10. место со 36 бода.