Хрватскиот шампион Динамо Загреб се пласира во осминафиналето од Конференциската лига играјќи нерешено 1-1 против Бетис од Севиља на „Максимир“. На првиот меч во Севилја, загрепчани победија со 0-1.
Македонецот Стефан Ристовски беше стартер во тимот на загрепчани, а Аријан Адеми не е лиценциран за европските натпреварувања.
Бетис поведе во 33. минута откако Аитор Рубила, упати центаршут по земја во шеснаесетникот, а напаѓачот на гостите Седрик Бакамбу ефективно со петица ја испрати топката во мрежата на Динамо.
Решавачкиот гол вреден пласман за Динамо Загреб во осминафиналето го постигна Јапонецот Такуро Канеко пред крајот од натпреварот.
Во следната фаза се пласираше и швајцарскиот Сервет. Во реваншот од плеј-офот, швајцарскиот шампион го совлада Лудогорец со 0-1 како гостин, првиот меч заврши без голови.
Решавачкиот момент се случи веќе во шестата минута кога играчот од средниот ред на гостите Тимоти Коња ја искористи големата грешка на Гонсалвес, ја одзеде топката и постигна гол вреден за осминафиналето.