Тимот на Астон Вила на Унаи Емери ги зголеми своите шанси за место во Лигата на шампионите, со победата од 2-0 (1-0) на домашен терен против Вулверхемптон во натпревар од 30. коло на Премиер лигата.

Апсолутен протагонист во победата на четвртфиналистот на Конференциската лига беше Муса Диаби. Новиот репрезентативец на Франција погоди од далечина за 1-0 во 36. минута, а потоа и асистираше за голот на Езри Колса во 65. минута. И „волците“ имаа своите моменти, но сепак Астон Вила покажа поголема одлучност и заслужи да се радува на трите бода.

 

Со оваа победа Астон Вила остана на четвртото место со 59 бода, три повеќе од Тотенхем и дури дванаесет од Манчестер Јунајтед.

Во следното 31. коло, в среда навечер Астон Вила гостува кај шампионот Манчестер Сити, а Волвс во вторник гостува кај Барнли.