Бостон Селтикс синоќа го совлада Њу Орлеанс Пеликанс на гости со 92-104 и се врати на победничките патеки по двата врзани порази во дуелите со Атланта.
Најдобриот тим во лигата дополнително го подобри учинокот (58-16) и е сигурен на првото место пред почетокот на плеј-офот. Џејсон Тејтум го предводеше тимот од Масачусетс, дуелот го заврши со 23 поени, додека Кристапс Порзигинс со 19 и Џејлен Браун со 17 поени беа подеднакво продуктивни офанзивно.
Во редовите на поразениот тим најефикасен беше Зион Вилијамс со 25 поени, Си Џеј МекКалум постигна 24, додека Херберт Џонс постигна 18 поени.
Српскиот кошаркарски ас Богдан Богдановиќ го одигра својот меч на кариерата и на средбата со Милвоки Бакс постигна 38 поени (десет скока), но ниту тоа не беше доволно за победа на неговата Атланта Хоукс. На Богдановиќ не му признаа атрактивен потег во втората четвртина.
Богдановиќ постигна тројка преку цел терен, но ударот го испрати веднаш по последниот звук на сирената и затоа кошот му беше поништен.
На крај Милвоки славеше со сигурни 113-122. Кај победничкиот тим прв поентер беше Јанис Адетокумбо со 36, а Миделтон заврши со 21 поен.
Ноќва се одигра уште еден натпревар, на кој Орландо Меџик со 30 поени разлика славеше во соочувањето со Мемфис Гризлис (118-88)