Француски „RMC“ открива дека кошаркарската репрезентација на Франција може да добие големо засилување. Неофицијално Џоел Ембид ја почнал процедурата за да добие француско државјанство и да заигра за националниот тим.
Најдобриот стрелец во НБА-лига во актуелната сезона е роден во Камерун, но за оваа земја никогаш нема настапувано, па ги исполнува сите услови да го облече дресот на „триколорите“.
Со оглед на тоа дека Франција нема ниту еден натурализиран кошаркар во своите редови, нема да има проблем да добие засилување. Ова не е прв обид на Ембид да добие документи од Франција, имаше еден неуспешен обид пред четири години.
Неговата цел е да настапи на Европското првенство кое се игра во септември, а Франција би имала неверојатен тим.