Натпреварите во НБА-лигата се повеќе личат на циркус во кој сите шутираат тројки, а никој не игра одбрана. Тоа резултира со натпревари и со повеќе од 300 поени и кошаркари кои често и без поголема мака постигнуваат по 40, 50, па и повеќе поени.
Ова предизвика реакција од најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, кој беше сметан за најдобар кошгетер во својата генерација со просек од 30,1 поен во текот на целата кариера. Неговиот учинок е далеку поимпресивен од тие на сегашните асови во НБА, бидејќи играше во можеби најфизичката ера, кога одбраната беше брутална. Поради ова, многумина сметаат дека Џордан во денешно време на секој меч би постигнувал по – 100 поени.
„Денес се игра помалку физички, а и правилата се сменети. Врз основа на сегашните правила и мојот стил на игра, сигурен сум дека често ќе ја напуштав играта поради шест лични грешки, но и многу често ќе бев на линијата за слободни фрлања и сигурно ќе постигнував по 100 поени“, изјави Џордан.
Единствен во историјата на НБА што постигна 100 поени е Вилт Чембрлен, додека личен рекорд на „Летечкиот Мајкл“ е 69 поени остварен против Бостон во времето на Бирд, Мекхејл, Периш. Тој дури 173 пати постигна повеќе од 40 поени, 31 пат ја надмина границата од 50 поени, а четири пати одеше преку 60 поени. Вкупно во најсилната лига на светот постигна 32.292 поени.