Шпанскиот репрезентативец, Рики Рубио го одигра најдобриот свој меч во НБА лигата, партија која му овозможи на неговиот Кливленд Кавалирс да направи изненадување и да слави над Њујорк Никс со 126-109 на средбата која се одигра во „Медисон Сквер Гарден“.
Плејмејкерот беше резервист на овој дуел, но тоа не му пречеше кога влезе во игра и направи разлика. Рубио кој никогаш не важел како добар шутер даде осум тројки од девет обиди или вкупно имаше 37 кошеви, 10 асистенции и 3 скокови учинок кој му донесе место во историјата на најсилната лига на светот.
Имено досега ниту еден играч кој добил шанса од клупата немап учинок од 35 поени, 10 асистенции и 8 реализирани тројки. Добар придонес имаше и Мобли со 26 кошеви, а двоцифрени беа уште Гарланд со 16 и центарот Ален со 18 кошеви и дури 17 скокови.
Бруклин Нетс како гостин го доби Торонто Репторс со 116-103 и со тоа ја продолжи победничката серија. Ова за Бруклин беше петти триумф во серија и истиот го одбележаа Дурент со 31 поен, 7 скокови и 7 асистенции и Харден со дабл-дабл од 28 поени, 10 скока на кои придодаде 8 асистенции.
Останати резултати:
Орландо – Јута 107:100
Сакраменто – Индијана 91:94
Вашингтон – Милвоки 101:94
Оклахома – Сан Антонио 99:94
Голден Стејт – Хјустон 120:107
Клиперс – Шарлот 120:106