Кошаркарите на МЗТ Скопје по голема драма го освоија Купот на Македонија против Пелистер МЗТ Скопје со 62-60. Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола се одигра пред полни трибини, во одлична атмосфера и беше вистински Куп-спектакл, а на крајот заврши со триумф на гостите.
МЗТ одлично го отворија мечот за трофејот и поведе со 8-2. Пелистерци не дозволија ривалот да се одлепи, до полувремето момците на Дарко Радуловиќ заиграа подобро, и пред паузата ја презедоа иницијативата. Пред одморот пелистерци поведоа со 30-36.
Второто полувреме тргна во знакот на „пелистерци“ кои ги искористија промашувањата на ривалот. Пелистерци врзаа серија од 10-0 со која се одлепија и првпат поведоа со осум разлика. Пех за аеродромци беше повредата на Војдан Стојановски кој играше со лимитирана минутажа. Во финишот на третата четвртина МЗТ во живот го одржа Дамјан Робев, кој врза пет поени и ги врати скопјани резултатски (49-52).
Уште еден пех за МЗТ беше петтата лична грешка на Дамјан Стојановски на повеќе од три минути пред крајот. Многу важна тројка погоди Ворку (60-59), ама нападот беше проблем за двете екипи. Едно слободно фрлање погоди Планиниќ за егал, по што на спротивната страна промашија Ворку и Робев.
Пелистерци нападнаа со 33 секунди на семафорот, а Маслинко доби „банана“ од Баковиќ. МЗТ имаше напад за победа на десетина секунди до крајот, а Ворку елегантно положи за 62-60. Пелистер имаше напад со три секунди, Костоски имаше тежок шут, но не успеа да погоди и ривалот го одбрани трофејот.
Александар Костоски беше најефикасен играч на дуелот со 15 поени, а клучна улога кај МЗТ одигра Дамјан Робев кој финишира со 13, додека Магдевски и Танасковиќ уфрлија по 12 поени.