Кошаркарите на Денвер нагетс поведоа со 1-0 против Минесота тимбервулвс во плејофот на Западната конференција на НБА-лигата, откако триумфираа со 109-80 во првиот меѓусебен натпревар.
Денвер постојано го контролираше резултатот, а во втората четвртина за првпат создаде двоцифрена предност, по што во второто полувреме го решија натпреварот кога стигнаа до +29 (87-58).
Јокиќ на паркетот помина 28 минути и постигна 13 поени, 14 скокови и шест асистенции, а мораше предвреме да го заврши натпреварот поради шест лични грешки.
Јокиќ со неколку потези го измами Карл-Ентони Таунс, по што постигна поени за Денвер.
Најефикасен на паркетот беше Џамал Мареј со 24 поени, осум скокови и осум асистенции, додека Ентони Едвардс постигна 18 поени и пет асистенции за Минесота.
Лос Анџелес Клиперс во првиот меч против Феникс санс беа подобри со 115-110, а најефикасен во победата беше Каваи Ленард со 38 поени, пет скокови и пет асистенции, додека на спротивната страна Кевин Дурант постигна 27 поени, девет скокови и 11 асистенции.