Кошаркарот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг, е казнет со 50.000 долари за покажувањето среден прст кон навивачите на Бостон селтикс за време на првиот меч од плејофот на Истокот.

Во една од најдобрите средби сезонава, „келтите“ триумфираа со 115-114 со кошот на Џејсон Тејтум во последната секунда. Навивачите на домаќинот големата радост на крајот ја покажаа и со провокации кон бекот на „мрежичките“, кој не издржа и одговори на начин кој го чинеше скапо.

 

Ирвинг средбата ја одигра маестрално со 39 постигнати поени, а шанса за поправен ќе има ноќеска, за кога е закажан вториот дуел од серијата.