Расел Вестбрук ги налути фановите на Далас со неспортски потег, односно дрзок прекршок над Лука Дончиќ, а целата ситуација резултираше со две исклучувања.
Темпераментниот играч на Л.А Клиперс лесно можеше да ја повреди првата ѕвезда на Далас во последниот период од третиот меч во серијата, а кога Дончиќ тргна да се објаснува со Вестбрук доби уште еден лакт од противничкиот играч.
Во целата ситуација се вмеша Пи-Џеј Вашингтон кој директно го предизвика Вестбрук, за потоа и двајцата да добијат втора техничка грешка и исклучување од натпреварот.
https://twitter.com/i/status/1784048672105173148
Далас излезе како победник во третиот натпревар, со добра игра во одбрана, а на Дончиќ му недостасуваше една асистенција за трипл-дабл.