Реал Мадрид триумфираше на гости кај Реал Сосиедад со 1-0 во 33. коло од шпанската Ла Лига, а единствениот гол беше дело на младиот турски талент Арда Ѓулер.
Екипата на Реал Мадрид речиси рутински ја заврши задачата. Веројатно со мислите веќе насочени кон Минхен и дуелот со Баерн во полуфиналето на ЛШ, четата на Карло Анчелоти со комбиниран состав дојде до минимален триумф.
Ѓулер во 29. минута доби прекрасна асистенција од Дани Карвахал кој доби прекрасна дијагонала од Чуамени, па турскиот талент со силен удар ја испрати топката во мрежата на Ремиро.
Реал Сосиедад во продолжение имаше неколку шанси, но Кепа Аризабалага беше на висина на задачата и ја зачува својата мрежа.
„Кралевите“ се први во Ла Лига со 84 бодови, односно 14 бода повеќе од Барселона.
🚨🇪🇸 GOAL | Real Sociedad 0-1 Real Madrid | Arda Guler