Кошаркарите на Партизан во пресметката со многу пресврти, успеаа да постигнат значајна победа над Олимпијакос со 78-70. Белграѓани ја надоместија негативата од 14 поени, а потоа направија и двоцифрено водство, кое на крајот беше доволно за победа.
Олимпијакос имаше одличен старт на натпреварот во Белград против Партизан, рано стигна до двоцифрена предност, но на крајот се враќа со пораз од српската престолнина.
„Црно-белите“ се вратија резултатски уште во првото полувреме и на паузата замина со два поени предност, а клучната разлика ја направија во завршницата, во која тимот на Жељко Обрадовиќ успеа да го надигра противникот од Грција.
Партизан врза две победи во Евролигата, додека за Олимпијакос ова е четврти пораз во најелитното европско натпреварување.
Карлик Џоунс со 15 поени беше најдобар реализатор во победничкиот тим, додека Фурние постигна 16 за Олимпијакос.
Во шпанското дерби во ЛШ, кошаркарите на Реал Мадрид по голема драма и две продолженија извојуваа победа над вечниот ривал Барселона со 90-97. Кевин Пантер постигна 27 поени за Барселона, а во победничкиот тим на Реал, најдобри стрелци беа Таварез со 24 и Хезоња со 23 поени.