Селекциите на Србија и Грција одиграа фантастичен натпревар во квалификациите за Светското првенство, меч кој донесе дополнителни минути за да се реши победникот, на крајот беше домашниот тим со резултат 100-94.
Преку 19.000 луѓе беа присутни во салата „Штарк“ во Белград со што беше поставен рекорд во европските квалификации, а сите овие луѓе беа директни сведоци на неверојатното шоу кое го приредија НБА ѕвездите Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо.
Јокиќ реализираше 29 поени, 8 скока и 6 асистенции, додека Адетокумбо „експлодираше“ со 40 кошеви, 8 скокови и 5 асистеции со тоа што и ова не се покажа како доволно за славје на гостите.
Потегот на мечот го имаше најдобриот играч на Србите, Јокиќ кој во завршниот период даде супер тројка од свртување со една нога преку Адетокумбо за ерупција и еуфорија на трибините.