Стоперот Жил Кунде конечно ќе може да дебитира за тимот на Барселона и тоа веќе утре против Ваљадолид.
Скапото засилување во одбраната од Севилја ги пропушти првите две кола, бидејќи клубот не можеше да го регистрира во Ла Лига поради финансиските рестрикции. Сега сите административни пречки се надминати и Кунде утре треба да дебитира за новиот клуб.
Тој ќе биде сериозно засилување за одбраната на тренерот Чави.