Фудбалерот на Аталанта Хозе Луис Паломино е привремено суспендиран откако беше позитивен на нандролон.
Станува збор за синтетички стероид кој се наоѓа на листата на забранети супстанци на Светската антидопинг агенција (ВАДА), објавија италијанските медиуми.
“Националниот антидопинг трибунал привремено го суспендираше спортистот Хозе Луис Паломино поради прекршување на правилата. Примерокот земен од спортистот за време на ненадејниот тест беше позитивен на нандролон, анаболичен стероид”, се вели во соопштението на италијанската антидопинг управа. .
Паломино во Аталанта е од 2017 година, а минатата сезона одигра 45 натпревари и постигна два гола.
Во својата кариера аргентинскиот стопер настапуваше и за Лудогорец, Мец, Аргентинос Јуниорс и Сан Лоренцо.