Францускиот фудбалер Осман Дембеле беше исвиркан од навивачите на Барселона на Камп Ноу на натпреварот против Наполи. Дембеле во игра влезе во 65. минута наместо Адама Траоре, а домашните навивачи го „почестија“ со свирежи, врева и навреди при секој негов допир со топката.
Дембеле не ја напушти Барселона во јануарскиот преоден рок, па како слободен играч ќе го напушти каталонскиот клуб во јули кога му истекува договорот. Непрофесионалното однесување и честите повреди го одбележаа неговиот период во клубот. Дембеле дојде во Барселона како 19-годишник од Борусија Дортмунд за цели 140 милиони евра. За каталонскиот тим постигна 31 гол на 131 настап и е најголемиот неуспех во историјата на клубот од Камп Ноу.