Наполи остана непоразен на „Камп Ноу“ во дербито на шеснаестфиналната рунда во Лига Европа, откако италијанскиот калчолигаш ремизираше 1-1 на „Камп Ноу“ против петкратниот европски првак, а македонскиот дијамант Елиф Елмас беше најзаслужен со асистенција за ремито.
Елмас со еден потег го изрезили Жорди Алба, пред да му асистира на Пјотр Зиелински за водство на Наполи со 1-0. ВАР потоа „свирна“ пенал за Каталонците, по кој Феран Торес погоди за Барса да успее да израмни по еден час игра на дербито во кое каталонската гордост се обидуваше да дојде до победа, но не можеше да ја скрши цврстата дефанзива на наполитанците.
Македонскиот репрезентативец играше до 85-та минута кога беше заменет со Марио Руи, а во самата завршица Торес имаше супер шанса и за победа на Барселона, но успеа да промаши од десет метри цел гол.