Клубот од Мадрид пред се прима многу голови сезонава, нешто што е непрепознатливо за овој состав откако истиот го води енергичниот аргентински стручњак Диего Симеоне. Севкупно ситуацијата е алармантна и виси пласманот на Атлетико во ЛШ во наредната сезона, па јасна порака околу ова испрати голманот Јан Облак кој исто не е на своето препознатливо ниво.
-Секој тим знае да игра и ако не бидеме на нашето најдобро ниво, нема да победуваме. Не одигравме добар натпревар. Тоа е тежок момент, но сите мораме да се подобриме. Сите треба да дадеме многу повеќе за да играме во Лигата на шампионите во следната сезона.
Позицијата во која се наоѓаме е алармантна. Ова не е позицијата на која очекувате да бидете во овој клуб. Не е доволно само да се зборува. Мора да го подигнеме нашето ниво ако сакаме да влеземе во Лигата на шампионите следната сезона, -порача Словенецот.